Формирана Македонска Бизнис Асоцијација во Србија

Bez autora
Nov 28 2011

Македонските компании и менаџери во Србија се обединија во Белград и ја основаа првата Македонска Бизнис Асоцијација во Србија, со поддршка и организација од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ина македонската амбасада во Србија. Главната цел на новоформираната асоцијација е да се создаде можност за поврзување и соработка меѓу македонските и српските компании, на начин што ќе пружа потполна поддршка во воспоставувањето на контакти, обезбедување на информации за актуелните можности на пазарите од двете економии и организирање на собири на македонски и српски компании. Дополнителен мотив за основање на Асоцијацијата претставува традиционално добрата трговска соработка и изразениот интерес за унапредување на оваа соработка за што сведочат последните статистички податоци според кои обемот на вкупната размена меѓу Македонија и Србија во првите 10 месеци од 2011 година бележи раст од 17,7 отсто споредено со истиот период од претходната година.

Формирана Македонска Бизнис Асоцијација во СрбијаМакедонските компании и менаџери во Србија се обединија во Белград и ја основаа првата Македонска Бизнис Асоцијација во Србија, со поддршка и организација од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ина македонската амбасада во Србија.

Главната цел на новоформираната асоцијација е да се создаде можност за поврзување и соработка меѓу македонските и српските компании, на начин што ќе пружа потполна поддршка во воспоставувањето на контакти, обезбедување на информации за актуелните можности на пазарите од двете економии и организирање на собири на македонски и српски компании.

Дополнителен мотив за основање на Асоцијацијата претставува традиционално добрата трговска соработка и изразениот интерес за унапредување на оваа соработка за што сведочат последните статистички податоци според кои обемот на вкупната размена меѓу Македонија и Србија во првите 10 месеци од 2011 година бележи раст од 17,7 отсто споредено со истиот период од претходната година.

Асоцијацијата обединува око 60 членови од различни дејности, од кои поголемиот дел се македонски компании кои се присутни и препознатливи на српскиот пазар (Алкалоид, Тиквеш, Стоби, Виталиа, Колид итн).

Исто така, во Асоцијацијата членуваат и физички лица од Македонија кои работат како менаџери во Србија, и српски и странски компании со кои постои членовите остваруваат поблиска соработка.

"Македонската Бизнис Асоцијација е отворена за соработка и со други стопански здруженија и асоцијации во Србија и во регионот, чија намера е бизнис поврзување и соработка со компании од регионот", изјави Претседателот на  Асоцијацијата, Столе Змејкоски, менаџер на Виталиа во Србија.

Асоцијацијата ќе настојува да излезе во пресрет на сите барања, потреби и проблеми со кои компаниите од двете земји се соочуваат и да помогне во нивно решавање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik